• недела, 12 мај 2024

Шкупи загуби од Левски со 0:2

Шкупи загуби од Левски со 0:2

Скопје, 27 јули 2023 (МИА) – Македонскиот претставник во 2. коло од квалификациите на Конференциската лига, тимот на Шкупи, вечерва во Скопје е поразен од Левски со 2:0.

 

Стрелец на водечкиот гол за гостите од Бугарија беше Бразилецот Велтон во 31. минута, неговиот сонародник Роналдо во 90+4. минута ги постави конечните 2:0..

 

Чаирчани и покрај неколкуте убави шанси, не успеаја да постигнат ниту еден гол, додека гостите од Бугарија умешно ги казнија промашувањата на домаќините.

 

На трибините на Национална арена „Тодор Проески“ беа присутни и 300 навивачи на Левски кои во повеќе наврати провоцираа и упатуваа навреди на национална основа кон навивачите на Шкупи кои возвратија. Имаше и предупредување од делегатот дека натпреварот може да биде прекинат.

 

По завршувањето на средбата, тензично беше и помеѓу фудбалерите и двете клупи, а двајцата тренери добија жолт картон.

 

Реваншот во Софија ќе се игра по една недела. зс/

Остани поврзан