• петок, 22 ноември 2024

Шкрињар најави преселба во ПСЖ

Шкрињар најави преселба во ПСЖ

Париз, 14 јуни 2023 (МИА) – Фудбалерот на Интер, Милан Шкрињар пред натпреварот на репрезентацијата на Словачка против Исланд изјави дека кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ. 

 

На 1 јули му завршува договорот на Шкрињар со миланскиот клуб.

 

- Сега веќе се чувствувам добро, но без натпревари не можете да го најдете вашиот ритам на игра. Доколку тренерот ме побара, ќе му помогнам на тимот бидејќи сум подготвен и одлучен. Да видиме што ќе се случи во ПСЖ, но главната работа е да се чувствувам добро, изјави Шкрињар за „L'Equipe“.

 

Најави за трансфер на Шкрињар од Интер во ПСЖ има и минатата година. Сега кога договорот на Словакот му завршува, пречка за трансферот може да биде неговата здравствена состојба. Фудбалерот поради повреда пропушти голем дел од сезоната 2022/23. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан