• вторник, 24 декември 2024

Шкријељ: Универзитетот во Сараево и ја одзеде магистерската титула на Себија Изетбеговиќ, директорка на Клиничката болница

Шкријељ: Универзитетот во Сараево и ја одзеде магистерската титула на Себија Изетбеговиќ, директорка на Клиничката болница

Сараево, 6 март 2023 (МИА) - Сенатот на Универзитетот во Сараево денеска донесе одлука со која на Себија Изетбеговиќ, сопруга на лидерот на СДА, Бакир Изетбеговиќ и директорка на Клиничкиот центар во Сараево и професорка на Медицинскиот факултет, и е одземена магистерската титула поради откриени незаконитости за време на магистерските студии.

Ректорот на Универзитетот, Рифат Шкријељ, по седницата на Сенатот изјави дека 30 членови на тоа тело го поддржале предлогот на специјалниот комитет за укинување на магистратурата на Себија Изетбеговиќ.

Во текот на постапката, комисијата утврди дека нема веродостојни докази дека таа ги положила сите испити кои биле предуслов за стекнување на вакво научно звање. Пет члена на Сенатот гласаа против, а шестмина беа воздржани за донесување на одлуката, што Изетбеговиќ не може да се жали до универзитетските власти, а има само опција да поведе управен спор пред судот.

-Спорно е што магистратурата не е доставена до Универзитетот и не постои, рече Шкријељ, додавајќи дека од Медицинскиот факултет во Загреб нема потврда дека таму ги положила испитите, врз основа на кои била последователно одобрен за прием на постдипломски студии на Медицинскиот факултет во Сараево, изјави ректорот Шкријељ.

Се поништува, кажа ректорот, нејзиниот упис во матичната евиденција под број 437 бидејќи нема докази дека ги исполнила сите испитни обврски.

Губењето на титулата магистер на науки, последователно го доведува во прашање докторатот што потоа го стекнала Изетбеговиќ, како и нејзината позиција како редовен професор на Медицинскиот факултет во Сараево.

Статусот на директорот на Клиничкиот центар ќе зависи од прописите кои важат за таа институција, а Изетбеговиќ на таа функција има мандат до крајот на годинава.

Себија Изетбеговиќ претходно денеска најави дека ќе поднесе кривична пријава против Шкријељ и другите кои учествувале во проверката на нејзините факултетски документи. сд/

 

 

Остани поврзан