• сабота, 16 ноември 2024

Шкријељ: Со СДСМ има континуиран раст на пензиите, за една година зголемување од 16 отсто

Шкријељ: Со СДСМ има континуиран раст на пензиите, за една година зголемување од 16 отсто
Скопјe, 30 септември 2022 СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи, продолжува со вистинска грижа за сите категории граѓани. И во време на светска економска криза, преку одговорен пристап и инклузивен процес обезбедивме средства за рекордно зголемување на пензиите. Околу 330.000 пензионери добиваат покачување од 6,8 отсто на пензиите. Во пракса тоа значи дека оној кој добива просечна пензија од околу 17.000 денари, сега има покачување од околу 1.200 денари. Ваквото покачување се должи на новата методологија на усогласување на пензиите, договорена заедно со пензионерските здруженија. Согласно овој модел процентот на покачување е збир од 50 отсто од порастот на трошоците на живот и 50 отсто од растот на просечната плата. Годинава, ова е второ покачување на пензиите, откако во март тие беа зголемени за 2,9 отсто, што значи дека во период од само шест месеци имаме вкупно околу 10 отсто зголемување на пензиите. Следното покачување на пензиите според Законот е во март 2023 година. Имајќи ги предвид сите тенденции се очекува дека и тоа покачување ќе изнесува некаде над шест отсто. Тоа ќе значи покачување на пензиите од 16 отсто во период од само една година, односно од март 2022 до март 2023 година. Ова е показател за одговорниот пристап на Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ, кои во време на светска економска криза се посветени на обезбедување подобар живот за сите граѓани. Грижата продолжува, нашите највозрасни сограѓани, кои ја граделе оваа земја, заслужуваат да имаат достоинствена старост. Прес-конференција, Санела Шкријељ, пратеничка од СДСМ Центар за комуникации со јавност на СДСМ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан