• петок, 17 мај 2024

Шкендија убедливо поразена во реваншот кај Мура

Шкендија убедливо поразена во реваншот кај Мура
Мурска Собота, 13 јули 2021 (МИА) – Шкендија претрпе убедлив пораз со 5:0 вечерва во Словенија на реванш натпреварот од првото квалификациско коло за Лигата на шампионите. Така, македонскиот претставник со два пораза (0:1 прв натпревар) од Мура и без постигнат гол го заврши настапите во квалификациите за ЛШ. Стрелци на головите за словенечкиот тим вечерва беа: Лука Бобичанец (25. и 45+1. минута), Михаел Клепац (55. и 87. минута) и Жига Кус во 64. минута. Шкендија настапите на евро-сцената ќе ги продолжи во второто коло од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. зс/

Остани поврзан