• вторник, 23 јули 2024

Шилегов: Автобуското метро годинава почнува да станува реалност

Шилегов: Автобуското метро годинава почнува да станува реалност
Скопје, 19 јануари 2021 (МИА) - Скопје годинава ќе добие автобуско метро, најави градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.
- Не спиеме, Скопје дефинитивно ќе има БРТ - Бас Рапид Транзит. Популарното наречено #АвтобускоMетро годинава почнува да станува реалност. Екипи на Град Скопје деноноќно работат на овој долгогодишен скопски сон. Со Бас Рапид Транзит ќе овозможиме траса која ќе биде физички издвоена од останатиот сообраќај, напиша синоќа на фејсбук Шилегов.
Градоначалникот Шилегов потсети дека ова е проект на Град Скопје, коj е финансиран од Владата, кој обезбедува многу побрз и побезбеден транспорт и со тоа и намалување на загадувањето во воздухот. мд/дма/

Остани поврзан