• четврток, 26 март 2026

Шикорски не ја исклучува можноста Путин да го нападнe НАТО

Шикорски не ја исклучува можноста Путин да го нападнe НАТО

Варшава, 30 септември 2025 (МИА) – Полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „би бил луд ако го нападна НАТО“.

- Путин ја нападна Украина врз основа на супер оптимистички претпоставки и гадно се излажа. Но, тоа што не е во состојба да победи во Донбас, а не пак НАТО, не значи дека не може да направи уште една катастрофална грешка, наведе Шикорски за Третиот канал на јавното Полско радио.

Тој се осврна и на зачестените упади на руски воени авиони и дронови во воздушниот простор на земји-члеки на Алијансата.

- Не знаеме какви се нејзините (на Русија) намери. Но, знаеме што веќе прави. Таа шпионира, го загадува нашиот информативен простор со лажни вести и нејзиниот наратив, користи разузнавачки агенции, испраќа подметнувачи на пожари, испраќа одреди на смртта да убиваат новинари, бегалци од Русија, ги турка бегалците преку нашата граница. Ова е исто така едно од скалилото на скалата на ескалација, посочи Шикорски.

Тој наведе дека Полска е подготвена да соборува руски воени авиони и дронови во нејзиниот воздушен простор, бидејќи тоа е еден од елементите на суверенитетот – државата да ја контролира својата територија и да има монопол. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан