• среда, 14 мај 2025

Шејнбаум: Олеснувањето на царините за производителите на автомобили е чекор напред

Шејнбаум: Олеснувањето на царините за производителите на автомобили е чекор напред

Мексико Сити, 30 април 2025 (МИА) - Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум денеска изјави дека Владата на таа држава ги разгледува извршните наредби на американскиот претседател Доналд Трамп за ублажување на царините за производителите на автомобили. 

„Тоа е напредок“, рече Шајнбаум, чија земја се смета за една од најизложените на увозните давачки на Трамп.

Таа додаде дека новите правила ќе му дадат на Мексико „дополнителна конкурентска предност“ поради нејзиниот договор за слободна трговија со САД и Канада. рп/

Фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан