• недела, 17 ноември 2024

Шефот на чешката дипломатија го посети Израел

Шефот на чешката дипломатија го посети Израел

Прага, 11 октомври 2023 (МИА) - Чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски објави дека го посетил Израел, велејќи дека тој е првиот странски политичар што го направил тоа од почетокот на нападите на Хамас.

„Сакав оваа посета да потврди дека Чешка целосно го поддржува Израел“, се вели во писмената изјава на министерот Липавски.

„Израел е еден од нас, нападите и киднапирањата од радикални Палестинци се напад врз сите нас“, додава тој.

Чешкиот министер беше во регионот за да присуствува на состанокот меѓу Европската унија и Советот за соработка во Заливот во Оман. паг/

Фото: МИА архива
 
 

Остани поврзан