• петок, 22 ноември 2024

Шефот на Централната команда на САД го посети Израел за да ја процени ситуацијата во регионот

Шефот на Централната команда на САД го посети Израел за да ја процени ситуацијата во регионот

Тел Авив, 3 ноември 2024 (МИА) - Шефот на американската Централна команда, генерал Мајкл Курила, се сретна со началникот на Генералштабот на Израел, генерал-полковник Херзи Халеви, за да ја процени ситуацијата во регионот, соопшти денеска израелската армија.

Како што е наведено, проценката се фокусирала на „безбедносно-стратешки прашања и заедничка подготовка во регионот како дел од одговорот на заканите на Блискиот Исток со акцент на Иран“.

Курила пристигна во Израел во моментот на подготовките на израелската армија за потенцијален ирански одговор на одмаздничкиот напад врз Иран извршен на 26 октомври, јавуваат израелските медиуми.

Генералот пристигна во четвртокот и за време на посетата го обиколи системот за противракетна одбрана на американската армија распореден во Израел како дел од тие подготовки, јавуваат израелските медиуми.

„Израелската војска ќе продолжи да ги продлабочува односите со американските вооружени сили поради нашата посветеност на зајакнување на регионалната стабилност и координација меѓу двете војски“, се додава во соопштението. паг/
  

Фото: Википедија

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан