• понеделник, 23 декември 2024

Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан упати остри критики кон САД заради подршката на Израел во кризата во Газа

Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан упати остри критики кон САД заради подршката на Израел во кризата во Газа

Анкара, 28 мај 2024 (МИА) – Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, денеска изјави дека „да не беше безусловната поддршка за Израел од некои западни земји, особено од САД, немаше да биде возможно да се започне или продолжи геноцидот што го изврши Израел во регионот“ јави Си-Ен-Ен – Турк.

Фидан, кој зборуваше во Анкара на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Камбоџа, истакна дека „Израел постојано ги извршува најсуровите и најнехумани можни активности“.

-Искрено веруваме дека овој геноцид нема да помине неказнето, рече турскиот министер за надворешни работи.

„Иако меѓународната заедница бавно ја признава палестинската држава, сега има попозитивна атмосфера“, истакна Фидан, цитиран од агенцијата Анадолија. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан