• недела, 19 мај 2024

Шефот на руската дипломатија пристигна во посета на Турција

Шефот на руската дипломатија пристигна во посета на Турција

Анкара, 6 април 2023 (МИА) – Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вечерва пристигна во посета на Турција, соопшти официјална Анкара.

Лавров дојде на разговори за меѓународниот договор за извоз на украинско жито преку Црното Море, усвоен во јули 2022 година.

Шефот на руската дипломатија утре ќе се сретне со својот колега Мевлут Чавушоглу и со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан