• среда, 22 јануари 2025

Шефот на владата на Гренланд повика на смиреност

Шефот на владата на Гренланд повика на смиреност

Копенхаген, 21 јануари 2025 (МИА) - Владата на Гренланд го повикува населението на островот и политичарите да останат смирени и обединети пред обновениот интерес на американскиот претседател Доналд Трамп да ја направи територијата дел од Соединетите држави, јави ДПА.

-Иднината на Гренланд ќе ја одредуваат самите Гренланѓани, а не другите, изјави денеска премиерот Муте Б. Егеде на прес-конференција во главниот град Нук.

Тој рече дека ситуацијата е сериозна и дека е природно последните случувања да предизвикаат немири. Сепак, најважно е да останеме смирени и да застанеме заедно, рече тој.

Гренланд е главно автономен, но официјално дел од Кралството Данска.

Како најголемиот остров во светот, со важна геополитичка позиција на Арктикот, тој ги поттикна територијалните амбиции на Трамп. 

Набргу по преземањето на функцијата, новиот американски претседател уште еднаш го потврди својот интерес за Гренланд. „Гренланд е прекрасно место. Ни треба за меѓународна безбедност и сигурен сум дека Данска ќе соработува“, рече Трамп во Белата куќа. Тој не даде никакви детали што точно очекува од Данска.

Егеде и неговиот министер за надворешни работи, Вивијан Мотцфелд, известија дека се обидуваат да воспостават дијалог со администрацијата на Трамп. Шефот на владата нагласи дека Гренланд не е на продажба. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан