• понеделник, 18 ноември 2024

Шефот на Астон Мартин: Се надевам дека Фетел ќе зажали што ја напушти Ф1

Шефот на Астон Мартин: Се надевам дека Фетел ќе зажали што ја напушти Ф1

Лондон, 9 февруари 2023 (МИА) - Мајк Крак очекува Себастијан Фетел да размисли за враќање во Формула 1. Четирикратниот светски шампион ја напушти серијата на крајот од сезоната 2022 година.

Шефот на Астон Мартин ги сподели своите размислувања за тоа како испаднаа последните трки на Фетел.

- Мислам дека вкусил крв. Кога работите тргнаа нагорно во Сингапур и Сузука, беше јасно колку е среќен. Радио комуникациите покажаа дека е во ритам, дека сака борба. Можеме да кажеме дека на последните трки болидот му даде повеќе фидбек, му овозможи да се претстави подобро, уште повеќе го мотивираше. Морам да признаам: Симнувам капа! Тој помина низ тежок период, честопати испаѓајќи по првиот сегмент од квалификациите, но никогаш не ја спушти главата и продолжи да го поддржува тимот и Ленс Строл. Примерно однесување. Среќен сум за Себастијан, но штета што реши да си замине. Се надевам дека ќе се кае, изјави Крак.

Германскиот возач во текот на кариерата во Формула 1 забележа 53 победи. зс/

Остани поврзан