• четврток, 26 март 2026

Шефицата на ММФ Кристалина Георгиева порачува: Американските царини се сериозен ризик за глобалната економија

Шефицата на ММФ Кристалина Георгиева порачува: Американските царини се сериозен ризик за глобалната економија

Вашингтон, 4 април 2025 (МИА) - Широкоопфатните царини што ги објави американскиот претседател Доналд Трамп претставуваат значителен ризик за светската економија, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.

- Сѐ уште ја проценуваме макроекономската импликација на овие мерки, но тие очигледно претставуваат сериозна закана за глобалните економски перспективи во време кога растот е слаб, изјави Георгиева.

Таа додаде дека е клучно да се избегнуваат потези кои би можеле дополнително да ја влошат состојбата и повика САД и нивните трговски партнери да работат конструктивно на намалување на тензиите.ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан