• четврток, 26 декември 2024

Шефицата на МКС со критика за Русија и САД поради закани и обвинувања

Шефицата на МКС со критика за Русија и САД поради закани и обвинувања

Хаг, 2 декември 2024 (МИА) - Претседателката на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Томоко Акане денеска ги критикуваше САД и Русија, обвинувајќи ги дека се мешаат во истрагите на институцијата и ги нарече заканите и нападите врз судот „ужасни“.

„На судот му се закануваат драконски економски санкции од уште еден постојан член на Советот за безбедност, како да е терористичка организација“, рече судијката Акане во обраќањето на годишниот состанок на институцијата, кој започна денеска.

Акане мислеше на коментарите на американскиот сенатор Линдзи Греам, чија Републиканска партија ќе ја преземе контролата врз двата дома на американскиот Конгрес во јануари, и кој го нарече судот „опасна шега“ во неговиот повик до Конгресот да воведе санкции за обвинителот на МКС.

„До секој наш сојузник - Канада, Велика Британија, Германија, Франција - ако се обидете да му помогнете на МКС, ние ќе ве санкционираме“, рече Греам на „Фокс њуз“. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан