• петок, 22 ноември 2024

Шефилд Јунајтед привлекува напаѓач на Ливерпул

Шефилд Јунајтед привлекува напаѓач на Ливерпул
Ливерпул, 28 септември 2020 (МИА) - Шефилд Јунајтед е близу до привлекување на напаѓачот на Ливерпул, Рајан Брустер за 17 милиони фунти. 20-годишникот има желба да го напушти „Енфилд“ за да игра редовно. „Црвените“ првично немаа намера да се разделат со Брустер, но по последните трансфери се подготвени да го пуштат. Сепак, тие сакаа да биде вклучена клаузула во договорот за да можат да го вратат доколку се развие доволно. Англискиот шампион се договори со Шефилд Јунајтед за таква клаузула, која ќе изнесува 40 милиони фунти. Во втората половина од минатата сезона, Брустер играше на позајмица во Свонси и импресионираше со своите настапи во Чемпионшип дивизијата, постигнувајќи 11 гола на 22 натпревари. Ливерпул сака да се раздели со други играчи, но досега не успеа во тоа. Иднината на Дивок Ориги, Џердан Шакири и Марко Груиќ е нејасна во оваа фаза.

Тагови

Остани поврзан