• недела, 22 декември 2024

Шест лица се убиени во судир меѓу пакистанската полиција и талибанците

Шест лица се убиени во судир меѓу пакистанската полиција и талибанците

Пешавар, 10 јули 2024 (МИА) - Тројца полицајци и тројца бунтовници загинаа во размена на оган што избувна за време на претрес на засолниште на пакистанските талибанци од страна на безбедносните сили во предградие на Пешавар, соопшти денеска локалната полиција.

Во соопштението, пренесено од американските медиуми, се наведува дека меѓу загинатите бунтовници е и нивниот командант Абдул Рахим, но не се наведуваат други детали.

Сè уште нема информации од пакистанските талибанци, познати како Техрик-е-талибан Пакистан (ТТП), кои се сојузници со авганистанските талибанци.

ТТП ги засили своите напади врз пакистанските безбедносни сили откако авганистанските талибанци ја презедоа власта во соседен Авганистан во 2021 година.

Пакистанските власти често ги обвинуваат авганистанските талибански власти дека засолнуваат борци на ТТП, обвинение кое Кабул жестоко го негира.

ТТП негира дека го користи авганистанското тло за напади во Пакистан.сд/

фото;МИА архива

Остани поврзан