• петок, 17 мај 2024

Шест лица загинаа во експлозија на автомобил-бомба во близина на воена база во Могадишу

Шест лица загинаа во експлозија на автомобил-бомба во близина на воена база во Могадишу

Могадишу, 21 октомври 2023 (МИА) - Во експлозија на автомобил-бомба во близина на воената база во главниот град на Сомалија, Могадишу, загинаа шест лица, меѓу кои четворица војници, соопшти денеска полицијата.

Портпаролот на полицијата Садик Додише изјави дека во експлозијата во воениот објект се ранети уште девет лица, од кои петмина војници.

Исламската екстремистичка организација Ал Шабаб ја презеде одговорноста за нападот.

Сомалиската федерална влада со години се бори против припадниците на Ал Шабаб, а безбедносните сили ги засилија нападите врз групата во последните месеци во обид да ја разбијат нејзината пропагандна мрежа.

Сомалискиот министер за информации Дауд Авејс изјави за новинарите дека властите затвориле четири радио станици поврзани со групата и убиле речиси 3.800 нејзини борци за време на неодамнешната воена офанзива. ссм/

Остани поврзан