• недела, 22 декември 2024

Шест лица го загубија животот во невреме и лизгање на земјиштето во кинеската провинција Фуџијан

Шест лица го загубија животот во невреме и лизгање на земјиштето во кинеската провинција Фуџијан

Шангај, 22 јуни 2024 (МИА) - Шест лица се пронајдени без знаци на живот во провинцијата Фуџијан во југоисточна Кина, по минатонеделното исчезнување во зоната на активно лизгање на земјиштето предизвикано од обилните дождови, јави денеска кинеската државна телевизија.

Кинеската телевизија соопшти дека спасувачките екипи ги пронашле жртвите по опсежната потрага и изгубиле контакт со жртвите минатата недела.

Невообичаено обилни дождови ја погодија јужна Кина по раниот почеток на годишните сезонски поплави. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан