• четврток, 19 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Шест жртви во земјотрес во Непал со интензитет од 6,6 степени по Рихтер

Шест жртви во земјотрес во Непал со интензитет од 6,6 степени по Рихтер
Катманду, 9 ноември 2022 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погоди утринава Непал, соопшти сеизмолошкиот центар во државата, а локалните медиуми пишуваат дека има шест жртви. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар претходно информираше дека станува збор за земјотрес со интензитет од 5,6 степени. Земјотресот ги стресе граѓаните на Непал утрово во два часот по локално време, а се почувствува и во северниот дел на Индија. Според медиумски извештаи, земјотресот е почувствуван и во Њу Делхи и блиската околина. бд/сд/

Остани поврзан