• недела, 22 декември 2024

Шенен Доерти и Курт Исвариенко го финализирале разводот дента на нејзината смрт

Шенен Доерти и Курт Исвариенко го финализирале разводот дента на нејзината смрт

Лос Анџелес, 16 јyли 2024 (МИА) - Шенен Доерти официјално се согласила да го затвори процесот за развод со поранешниот сопруг, фотографот Курт Исвариенко, еден ден пред нејзината смрт.

Според судските документи на коишто се повикува таблоидот „Пипл“ (People), глумицата потпишала барање за откажување од брачната издршка на 12 јули, само еден ден пред да почине. Таа, исто така, се согласила на „стандардно или неоспорно раскинување“ на нивниот брак, што укажува дека двајцата меѓусебно ја финализирале постапката за развод надвор од судот.

Тоа значи, двете страни склучиле писмен договор во однос на нивниот имот и нивните брачни или домашни партнерски права. Оригиналот е доставен до судот, се вели во записите.

Исвариенко го потпишал документот следниот ден на 13 јули, истиот ден кога Доерти почина.

Инаку, Шенен Доерти почина по девет години живот со рак на дојките. Таа имаше 53 години.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан