Шенгелија прогласен за МВП во октомври во Евролигата
- Кошаркарот на Виртус Болоња, Торнике Шенгелија е прогласен за најкорисен играч во октомври во Евролигата.

Барселона, 1 ноември 2023 (МИА) – Кошаркарот на Виртус Болоња, Торнике Шенгелија е прогласен за најкорисен играч во октомври во Евролигата.
Според резултатите од првиот месец од новата сезона, Виртус е на 2. место со биланс четири победи и само еден пораз.
Шенгелија имаше просек од 18,4 поени, 4,8 скока и 4 асистенции по натпревар.
Во рејтингот на ефикасност на крајот на октомври, Шенгелија е на 2. место во Евролигата со 23,6 поени во просек по натпревар. зс/
Фото: ЕПА