• сабота, 11 мај 2024

Швионтек и Сакари во финалето на Индијан Велс

Швионтек и Сакари во финалето на Индијан Велс

Индијан Велс, 16 март 2024 (МИА) - Во финалето на турнирот во Индијан Велс во женска конкуренција ќе играат Ига Швионтек (Полска) и Марија Сакари (Грција).

Најдобрата светска тенисерка во полуфиналето со убедливи 6:2, 6:1 ја совлада Украинката Марта Костјук, 32. на ВТА листата.

Ига беше немилосрдна, па Марта немаше шанси да му се спротивстави на максимално мотивираниот и поквалитетен противник.

Сакари, деветти на ВТА листата, направи изненадување и ја совлада третата светска тенисерка, Американката Коко Гоф со 2:1, по сетови 6:4, 6:7 (5:7), 6:2. дс

Фото: Фејсбук

Остани поврзан