• четврток, 19 март 2026

Шведските сили неутрализираа дрон во близина на француски носач на авиони

Шведските сили неутрализираа дрон во близина на француски носач на авиони

Париз, 26 февруари 2026 (МИА) – Шведските сили вчера пресретнаа и неутрализираа дрон што се приближувал до францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“, вкотвен во Малме, соопшти денеска Генералштабот на француските вооружени сили.

Беспилотното летало било пресретнато на околу 10 километри од пристаништето. Други детали не се наведени.

Францускиот носач на авиони е во Малме бидејќи ќе учествува во мисијата на НАТО во Балтичко Море за одвраќање на заканата по подводната инфраструктура. Мисијата е иницирана по прекинот на кабли на дното на Балтичко Море, за што западните држави ја обвинија Русија. ми/сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан