• понеделник, 20 мај 2024

Шведскиот комитет за Авганистан ја запре дејноста во оваа земја на барање на талибанците

Шведскиот комитет за Авганистан ја запре дејноста во оваа земја на барање на талибанците

Стокхолм, 19 март 2024 (МИА) - Шведскиот комитет за Авганистан (ШКА) ги откажува сите свои активности како одговор на барањето на талибанската влада да ја прекине својата работа во земјата, објави невладината организација.

Барањето следува по палењето копии на Куранот од страна на активисти за слобода на говорот во Шведска минатата година.

„Остро ги осудуваме и се дистанцираме од овие дејствија“, се вели во соопштението на организацијата.

„Сквернавењето на Светиот Куран е навреда за сите муслимани ширум светот кои го чуваат овој свет текст во нивните срца и е груба навреда против исламската вера“, се додава во соопштението.

Создадена во 1980 година како одговор на советската инвазија на Авганистан, ШКА тесно соработуваше со руралното население, длабоко почитувајќи ги нивните религиозни верувања и локални традиции, се нагласува во документот.

 Според организацијата, здравствените активности на групата се префрлени на други хуманитарни организации во земјата, а едукативната работа е предадена на локалните власти.

ШКА истакна дека не е поврзана со шведската влада и изрази загриженост за милионите луѓе кои се корисници на нејзините услуги во изминатите четири децении, како и за нејзините речиси 7.000 авганистански вработени. паг/

Фото: Фејсбук

 

 

Остани поврзан