• среда, 04 март 2026

Шведска ќе инвестира 1,6 милијарди долари во системи за воздушна одбрана

Шведска ќе инвестира 1,6 милијарди долари во системи за воздушна одбрана

Стокхолм, 11 јануари 2026 (МИА) - Шведска ќе потроши 15 милијарди шведски круни (1,6 милијарди долари) за воздушна одбрана, првенствено насочени кон заштита на цивилите и цивилната инфраструктура, соопшти денеска владата.

Како и повеќето европски земји, Шведска почна да инвестира многу во одбраната по руската инвазија на Украина. Сепак, огромната територија на земјата останува ранлива на воздушни закани.

-Искуството од војната во Украина јасно покажува колку е клучна сигурната и одржлива воздушна одбрана, изјави министерот за одбрана Пол Јенсон пред новинарите на безбедносната конференција во Шведска.

Тој рече дека Шведска ќе купи системи за воздушна одбрана со краток дострел за заштита на градовите, мостовите, електраните и другата критична инфраструктура.

Премиерот Улф Кристерсон денеска ја критикуваше „заканувачката реторика“ на американската администрација против Гренланд и Данска, велејќи дека САД треба да ѝ се заблагодарат на Данска што е лојален сојузник. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан