• недела, 22 декември 2024

Шведска прв пат назначи странец за селектор

Шведска прв пат назначи странец за селектор

 

Стокхолм, 26 февруари 2024 (МИА) – Данскиот стратег Јон Дал Томасон (47) е избран денеска за нов селектор на шведската фудбалска репрезентација која прв пат во историјата ќе биде предводена од странец.

Поранешниот дански напаѓач седнува на шведската клупа на местото на Јан Андерсон, кому на крајот од минатата година му беше врачен отказ откако не успеа да ја однесе Шведска на ЕУРО2024.

Томасон, кој неодамна беше отпуштен од тренерската должност во англискиот второлигаш Блекбурн, потпиша договор до крајот на Светското првенство 2026, а соработката ќе биде продолжена по автоматизам ако Данецот успее да обезбеди пласман на Мундијалот што ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.

„Многу се радувам на почетокот на оваа голема задача и средбата со навивачите, играчите и секако медиумите во Шведска“, изјави 47-годишниот Томасон кој како фудбалер во кариера настапи на 112 натпревари за Данска, а на клупски план ги носеше дресовите на Коге, Херенвен, Њукасл, Феенорд, Милан, Штутгарт и Виљареал. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан