• понеделник, 18 ноември 2024

Шведска по рекорден петти пат европски ракометен шампион

Шведска по рекорден петти пат европски ракометен шампион
Будимпешта, 30 јануари 2022 (МИА) – Репрезентацијата на Шведска го освои трофејот на 15. Европско ракометно првенство кое изминатите две и пол недели се одржуваше во Унгарија и Словачка. Швеѓаните вечерва во Будимпешта во неизвесен натпревар славеа победа над Шпанија со 27:26 со гол постигнат од пенал по истекот на 60. минута. Највисоката предност која ја имаше една од двете репрезентации во текот на финалето изнесуваше два гола. На овој начин шведските ракометари се реваншираа за поразот во Загреб во финалето на ЕП 2018 година. За нив овој трофеј е прв по пауза од 20 години кога беа на европскиот трон. Во предигра на големото финале, Данска ја победи Франција со 35:32 (по продолженија) и се закити со бронзениот медал. Шведска е рекордер со освоени пет титули, Шпанија остана на двете од претходните две првенства. зс/

Остани поврзан