• недела, 22 декември 2024

Шведската премиерка го призна поразот на изборите и најави оставка

Шведската премиерка го призна поразот на изборите и најави оставка
Стокхолм, 14 септември 2022 (МИА) - Социјалдемократската премиерка на Шведска, Магдалена Андерсон, го призна поразот на изборите, предавајќи го раководството на земјата на десничарскиот блок од четири партии. Сите гласови сè уште не се преброени, но Андерсон, која минатата година стана првата жена премиер на Шведска, рече дека резултатите покажале дека десничарскиот блок победил. „Затоа, утре ќе побарам од претседателот на Парламентот да ја напуштам мојата функција“, рече премиерката на прес-конференција. Умерените, Шведските демократи, демохристијаните и либералите треба да имаат 176 претставници во 349-члениот парламент по изборите. Левиот блок освои 173 места, покажуваат сегашните резултати. Изборите претставуваат пресвртница во шведската политика бидејќи антиимигрантските Шведски демократи, игнорирани од сите други партии откако влегоа во парламентот во 2010 година, треба да станат дел од владата за првпат. Тие се на пат да освојат 20,6 отсто од гласовите, надминувајќи ги Умерените кои имаат 19,1 отсто и стануваат најголемата десничарска партија. Иако партијата на Улф Кристерсон е послаба во однос на резултатите, лидерот на Шведските демократи Џими Акесон нема способност да ја собере широката поддршка потребна за соборување на социјалдемократите. паг/  

Остани поврзан