• четврток, 22 февруари 2024

Швајцарската Влада одлучи да го забрани Хамас

Швајцарската Влада одлучи да го забрани Хамас

Берн, 22 ноември 2023 (МИА) - Швајцарската федерална влада одлучи да го забрани палестинското исламистичко движење Хамас со предлог-закон доставен до Парламентот, се вели во денешното соопштение.

Федералниот совет (владата) „одлучи да подготви закон со цел забрана на Хамас. Се смета дека оваа опција е најдоброто решение за одговор на ситуацијата која владее од 7 октомври на Блискиот Исток“ и невидениот напад на исламистичкото движење на израелска територија. Четири дена по овој напад, во кој загинаа 1.200 луѓе на израелска страна, главно цивили, а 240 заложници беа однесени во Газа, Федералниот совет „процени дека Хамас треба да биде прогласен за терористичка организација“.

„Овој закон ќе им даде на федералните власти соодветни алатки за борба против можните активности на Хамас или поддршка за организацијата во Швајцарија“, објасни владата во соопштението за печатот.

Европската Унија и САД, меѓу другите, веќе го означуваат Хамас како „терористичка организација“.

По нападот на 7 октомври, Израел одговори со немилосрдно бомбардирање на Газа. ссм/

фото: архива

Остани поврзан