Швајцарија ќе претседава со ОБСЕ во 2026 година
- Швајцарија ќе претседава со Организацијата за безбедност и соработна во Европа (ОБСЕ) во 2026 година, соопшти денеска претседавачот со таа организација, вицепремиерот на Малта и министер за надворешни работи и туризам, Иан Борг.
Виена, 30 декември 2024 (МИА) - Швајцарија ќе претседава со Организацијата за безбедност и соработна во Европа (ОБСЕ) во 2026 година, соопшти денеска претседавачот со таа организација, вицепремиерот на Малта и министер за надворешни работи и туризам, Иан Борг.
Тој изрази уверување дека Швајцарија е способна ефикасно да ја води организацијата „со визија и одлучност“.
Соопштението следи по министерската одлука усвоена со консензус во последните денови од претседавањето со Малта, беше објавено на веб-страницата на ОБСЕ. рп/
Фото: МИА архива