• четврток, 26 декември 2024

Швајцарија одлучи кога да ја затвори нуклеарната централа Бецнау

Швајцарија одлучи кога да ја затвори нуклеарната централа Бецнау

Берн, 6 декември 2024 (МИА) - И покрај начелната одлука да се откаже од нуклеарната енергија во иднина, Швајцарија одлучи да ги затвори двата реактори на нуклеарната централа Бецнау дури во 2032 и 2033 година.

Операторот на нуклеарната централа, компанијата Акспо (Axpo), која е 100 проценти во сопственост на североисточните швајцарски кантони, објави дека одлуката ја донела по детално испитување и дека во електраната до конечното затворање ќе инвестира уште 350 милиони швајцарски франци

-Акспо спроведе опсежни консултации и проверки. Во него учествуваа странски експерти и странски добавувачи, а беа водени разговори со надзорната агенција ЕНСИ (ENSI). Во сите овие размислувања, прашањето на безбедноста имаше најголем приоритет, соопшти компанијата.

Нуклеарната централа Бецнау се наоѓа на истоимениот вештачки мал остров на реката Ар, во кантонот Аргау. Работи од 1969 година и е најстарата нуклеарна централа во светот која сè уште е поврзана на мрежата. Годишно произведува околу шест терават-часови електрична енергија, што е доволно за снабдување на 1,3 милиони домаќинства со четири лица, се вели во огласот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан