• среда, 17 јули 2024

Швајцарија и Србија не ја минаа групната фаза на ЕП за ракометарки

Швајцарија и Србија не ја минаа групната фаза на ЕП за ракометарки
Љубљана, 9 ноември 2022 (МИА) – На женското Европско првенство во ракомет синоќа се завршија натпреварите во А и Б групите по кои елиминирани се репрезентациите на Швајцарија и на Србија. Во „балканското дерби“ Словенија ја победи Србија и си обезбеди настап во главната рунда, додека Данска беше поуспешна од Шведска во „скандинавското дерби“. Резултати: Хрватска – Швајцарија 26:26 Словенија – Србија 27:24 Данска – Шведска 25:23 Норвешка – Унгарија 32:22. Табела А-група: Норвешка 6 бода, Хрватска 3, Унгарија 2, Швајцарија 1. Табела Б-група: Шведска 4, Данска 4, Словенија 4, Србија 0. зс/

Остани поврзан