• недела, 22 декември 2024

Шаќири: ДУИ секогаш била за ветинг за сите функционери

Шаќири: ДУИ секогаш била за ветинг за сите функционери

Скопје, 21 јуни 2023 (МИА) - Министерот за образование и наука и висок функционер на Демократската унија за интеграција, Јетон Шаќири истакна дека ДУИ е политичка партија, која секогаш била за ветинг за сите функционери. Тој одговори на новинарско прашање во врска со вчерашното прогласување на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за непожелна личност за влез во САД.

-Ова прашање не е од сферата на образованието. ДУИ како политичка партија секогаш била за ветинг и ДУИ го бара ветингот за сите функционери кои доаѓаат од централно и локално ниво, рече Шаќири пред почетокот на дебатата за промоцијата на Анализата: Политичко образование во Северна Македонија, во организација на Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) и Претседателскиот центар за политичко образование ПЦПО.

Шаќири информира дека ќе има официјален став од партијата и за политички прашања новинарите ги упати да се обратат до партијата. 

Стејт департментот вчера го прогласи градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за непожелна личност за влез во САД, поради негова вмешаност во значајна корупција, се наведува во писмената изјава на Метју Милер, портпарол на Стејт департментот.

-За време на неговиот градоначалнички мандат, Мерко злоупотребил фондови и се мешал во правосудсните и другите јавни процеси, нанесувајќи штета на тој начин на довербата на јавноста во демократските институции и претставници. Денешната акција испраќа порака дека САД стојат заедно со Северна Македонија за зајакнување на стабилноста преку зајакнување на демократските институции и решавање на слабостите во владеењето на правото, стои во соопштението. фф/ац/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан