• четврток, 26 март 2026

Шариф тврди дека пакистанската армија соборила пет индиски авиони

Шариф тврди дека пакистанската армија соборила пет индиски авиони

Исламабад, 7 мај 2025 (МИА) – Премиерот на Пакистан, Шехбаз Шариф денеска пред Парламентот изјави дека пакистанската армија соборила пет индиски авиони.

Тој наведе дека два авиона биле соборени над Кашмир, еден над Батхинди во Индија. Шариф не прецизираше за останатите два индиски авиона.

Индиските власти сè уште не ја коментирале изјавата на Шариф. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан