• недела, 22 декември 2024

Чупевска: ВМРО-ДПМНЕ го окупира безбедносниот систем и прави упад во судскиот

Чупевска: ВМРО-ДПМНЕ го окупира безбедносниот систем и прави упад во судскиот

Скопје, 6 декември 2024


Ништо што беше ветено во кампањата од ВМРО-ДПМНЕ не е испорачано, а гледаме повторно враќање на старите режимски политики, истакна новата потпртседателка на СДСМ Ана Чупевска, во интервју за телевизија „Клан“.

Чупевска како многу опасна ја оцени оворената тенденција да се окупира, на пример прво безбедносниот систем преку флагрантни повреди, дури и на законот при назначување на пример на шефот на АНБ, второ советот којшто е одговорен за службите исто така е профилиран по принцип на сериозен партиски учинок, наместо да се конципира како независно тело, а во врска со идејата за спојување на службите  не смее да се заборави што значеше конгрегацијата и масивноста на службите, па тие беа така злоупотребени да 26.000 граѓани беа масовно прислушувани, за што имаше многу сериозна политичка, економска и конечно и безбедносна криза.

Прво имаме регионални проблеми, потоа нашето општество спаѓа во ранливите општества од аспект на безбедост проади длабоките разлики е длабоко поделено општество и во нашата ситуација, тој модел што се предлага е неадекватен, од една страна, од друга страна начинот на кој тоа се профилира е многу проблематичен, дури и противзаконски. Се чудам зошто уште ни ДКСК ни ЈО ништо не кажуваат по тој повод, а само излегуваат скандали, рече Чупевска.

Таа нагласи дека тоа е многу важна работа, безбедносниот столб на државата спаѓа во т.н. тврд суверенитет, првата и најглавната линија на одбрана на една држава.
Ако таа е компромитирана значи немаме држава, можеме да влеземе во многу сериозна криза доколку немаме адекватни, салам, кадри таму. Тоа не е играчка, а поготво во контекст кога сме членка на НАТО и во регионален контекст каде што гледаме секојднвено какви предизвици има на релација на Косово и Србија, може да кажеме и Црна Гора, нагласи Чупевска, додавајќи дека втората тенденција или линија да се воспостави режим е фактот наместо да го реформира судството, оваа влада тргна да прави упад во судството.

Без да го почитува уставниот принцип за подлеба на власта, отворено се меша во правосудните работи, таргетира, сатанизира обвинители. Не сакам да повторувам како премиерот се однесуваше кон обвинителките навредувајќи ги како жени  и тоа заврши со оставка со оставка на Дамева, што воопшто не е наивна работа, рече Чупевска.
Потпретседателката Чупевска нагласи дека веќе има удар во безбедносниот сектор, има удар на судскиот систем и има удар на меѓуетничка основа. 

Па чекајте малце, што значи тоа, каде одиме ние, нели беше стабилност, нели иднина светла, нели горди ќе бевме. На овој начин ли се прави гордоста? Не разбирам, мислам никој не разбира што прават. Значи мора да се свестат дека не може да делуваат субверзивно и противуставно иако можеби тоа е некоја тенденција што си ја влечат. Едноставно не знаат да функционираат во нормална демократска состојба, истакна потпртседателката на СДСМ Ана Чупевска, во интервју за телевизија „Клан“.
 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фото: СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан