Чуквуемека потпиша за Борусија Дортмунд
- Бундеслигашот Борусија Дортмунд потпиша денеска договор со англискиот репрезентативец до 21 година, Карни Чуквуемека, кој доаѓа од Челзи, објави Би-Би-Си.
Лондон, 26 август 2025 (МИА) – Бундеслигашот Борусија Дортмунд потпиша денеска договор со англискиот репрезентативец до 21 година, Карни Чуквуемека, кој доаѓа од Челзи, објави Би-Би-Си.
Чуквуемека ја мина втората половина од минатата сезона на позајмица во Дортмунд, а сега пристигнува во трансфер вреден околу 24 милиони фунти. Офанзивниот играч од средниот ред одигра 32 натпревари за Челзи откако се пресели во лондонскиот клуб од Астон Вила во 2022 година за 20 милиони фунти.
Продажбата на Чуквуемека ги зголеми летните приходи на Челзи од трансфери на повеќе од 270 милиони фунти, што е речиси еднакво на 277 милиони фунти потрошени за нови засилувања.
УЕФА го обврза клубот од Лондон да постигне позитивен биланс во овој преоден рок за да може да регистрира нови засилувања за Лигата на шампионите, по казната од 26,7 милиони фунти за кршење на финансиските правила и висок сооднос трошоци-плати (над 80%).
Според британските медиуми, Челзи до понеделник би можел да продаде уште неколку играчи, меѓу кои Николас Џексон, Кристофер Нкунку, Тирик Џорџ, Рахим Стерлинг и Бен Чилвел, додека потенцијални засилувања се Алехандро Гарначо од Манчестер Јунајтед и Чави Симонс од Лајпциг. ег
ФОТО: ЕПА