• недела, 24 ноември 2024

Човечка грешка е веројатно причина за сударот меѓу возот и автобусот во Словачка

Човечка грешка е веројатно причина за сударот меѓу возот и автобусот во Словачка

Братислава, 28 јуни 2024 (МИА) - Сударот во Словачка меѓу воз на „Еуросити“ и автобус во кој загинаа седум лица најверојатно е предизвикан од човечка грешка, изјави министерот за транспорт на Словачка, Јозеф Раж, пренесе БТА.

Околу 200 луѓе патувале со возот „Еуросити“ од чешкиот главен град Прага кога возот се судрил со автобусот во близина на словачкиот град Нове Замки, нешто по 17 часот, полицијата и словачката национална железничка компанија ЖССК.

Од ударот се запалила локомотивата на возот, а автобусот претрпел сериозни оштетувања, поделен на два дела.

Сите загинати биле во автобусот.

Министерот изјави дека поради обилните дождови во областа затворени се сите железнички линии.

Прелиминарните резултати од истрагата покажуваат дека не биле направени технички или системски грешки. Веројатно се работи за индивидуална човечка грешка што предизвика возот да се појави на пруга каде што не требаше, рече тој.

Петмина повредени од автобусот се пренесени во болниците во околните градови. Локалната болница вчера беше затворена поради поплави од обилните врнежи во текот на ноќта. мс/

фото: Х

Остани поврзан