• петок, 22 ноември 2024

„Човек против јато“ во режија на Тамара Котевска поддржан од „Еуримаж“

„Човек против јато“ во режија на Тамара Котевска поддржан од „Еуримаж“

Скопје, 3 јули 2023 (МИА) - Паневропскиот филмски фонд „Еуримаж“ на 169-та сесија во јуни оваа година го поддржа филмскиот проект на режисерката Тамара Котевска „Човек против јато“ со износ од 265.000 eвра.

-Ова е втор македонски проект кој е поддржан оваа година од Еуримаж, а е во режија на Тамара Котевска. Копродукцијата е помеѓу македонските продуценти Аполо Креатив Солушнс и Астерикс продукција и копродуцентите Филмоскопија од Србија, Зеинофилм од Турција и Нуклеус филм од Хрватска, изјави Тања Ќурчинска Пепељугоска, македонскиот национален претставник во Еуримаж.

Таа напомена дека куриозитет е што беа пријавени 111 копродукциски проекти, бројка која не се памети во една иста сесија во историјата на Еуримаж.

-Во ваква конкуренција проектот „Човек против јато“ беше оценет одлично и рангиран на високо 3-то место на ранг листата во својата група, рече Ќурчинска Пепељугоска.  

Северна Македонија е членка на Еуримаж од 2003 година и во оваа јубилејна година 2 наши проекти веќе добија финансиска поддршка „ДиЏеј Ахмет“ на  Георги Унковски на 168-та сесија и „Човек против јато“ на Тамара Котевска на 169-та сесија.

Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на креативни кинематографски и аудиовизуелни дела „Еуримаж“ од своето основање во 1989 година до денес поддржал 2.409 копродукциски проекти со вкупен буџет од околу 700 милиони Eвра.бт/са/

Остани поврзан