• сабота, 06 јули 2024

Чифлиганец и Бузалковски со победи во БМУ Југо-Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам

Чифлиганец и Бузалковски со победи во БМУ Југо-Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам
Скопје, 11 април 2022 (МИА) - Душко Чифлиганец, во голема интернационална конкуренција од 31 возач извојува победа во класата Формула 1000 од трката за БМУ Југо-Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам на патеката Серес во Грција. Исто така, Чифлиганец забележа и најбрзо време во трка од 1:21,60 час, што засега претставува најбрзо време на македонски мото-пилот на оваа патека. Во втората исклучително возбудлива трка, во многу тесна битка за подиумот за жал доживеа пад и заврши како четврто пласиран. Христијан Бузалковски во класата Формула 600, која што е дел од истиот шампионат издвојува победи во двете трки во неговата категорија. Нашиот натпреварувач Синиша Кочовски кој заедно со Чифлиганец настапи во класата Формула 1000 забележа две втори места во големата интернационална Југо-Источно Европска конкуренција. зс/

Остани поврзан