• среда, 03 јули 2024

Чистење на дивите депонии во Општината Кавадарци

Чистење на дивите депонии во Општината Кавадарци
 
Кавадарци, 7 март 2023 (МИА) - Започна годишното чистење на диви депонии во Општината Кавадарци. Активностите ги координираат Службата ,,Мој општинар" при локалната самоуправа и јавното претпријатие ,,Комуналец". 
 
- Редовно се чисти ваквиот отпад, а еднаш годишно пристапуваме и кон генерално чистење на диви депонии. Денеска се чисти дива депонија на улицата ,,Васил Дубров’’. Ќе продолжиме со чистење и на уште неколку други вакви диви депонии во општината, рече за МИА, Димитар Радњански, раководител на службата ,,Мој општинар". 
 
Тој појасни дека минатата година од дивите депонии собрале околу 600 кубни метри отпад. 
 
- Годинава, има помалку диви депонии и помалку отпад што треба да се собере. Нешто помалку од стотина кубни метри. Тоа значи дека се зголемува свеста за значењето на чистата и здрава животна средина, нагласи Радњански. свд/вг/
 
 
Фото: Општина Кавадарци 

Остани поврзан