• вторник, 24 декември 2024

Чинголани: Светските сили првпат ја препознаа врската помеѓу климатските промени и сиромаштијата

Чинголани: Светските сили првпат ја препознаа врската помеѓу климатските промени и сиромаштијата
Рим, 23 јули 2021 (МИА)Најбогатите земји-членки на Г-20 првпат во историјата ја препознаа врската помеѓу климатските промени, животната средина, енергијата и сиромаштијата, изјави италијанскиот министер за еколошка транзиција, Роберто Чинголани.
Тој на министерската конференција за заштита на животната средина во Неапол рече дека заедничкото соопштение е резултат на повеќемесечни преговори што и претходеа на конференцијата, што, како што вели, покажува дека ова не е епизоден документ, туку трасирање однесување на големите кон животната средина во иднина, пренесува Анса. Градот Неапол е „под опсада“ поради конференцијата, полицијата и карабинерите ги обезбедуваат учесниците, а дел од градот е прогласен за „црвена зона“, што значи дека е недостапен за граѓаните за време на самитот. Сепак, група демонстранти, активисти, студенти, успеаја да влезат во „црвената зона“ и да развијат транспарент „Стоп за Г20. Ние сакаме работа и здравје. Време е за револуција“. Друг дел од демонстрантите блокираа важна сообраќајна клучка во градот и влезот во рафинеријата. Немаше сериозни судири со полицијата. паг/    

Остани поврзан