• четврток, 26 март 2026

Сар: Очекувам конструктивен дијалог со ЕУ, знаеме како да се справиме со критиките

Сар: Очекувам конструктивен дијалог со ЕУ, знаеме како да се справиме со критиките

Брисел, 24 февруари 2025 (МИА) - Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар денеска изјави дека очекува конструктивен дијалог со лидерите на Европската унија на тема обнова на Газа и израелско-палестинските односи и дека ќе знае како да се справи со критиките.

„Очекувам конструктивен дијалог, отворен и искрен, и верувам дека така и ќе биде. Знаеме како да се соочиме со критиките“, им рече Саар на новинарите по пристигнувањето во Брисел, каде ќе се сретне со високи европски претставници со цел заживување на дијалогот со ЕУ, вклучително и за нејзината улога во обновата на Газа.

Тој додаде дека „во ред е се додека критиката не е поврзана со делегитимирање, демонизација или двојни стандарди“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан