• четврток, 21 ноември 2024

Четири медали за македонски математичари на Јуниорската балканска математичка олимпијада

Четири медали за македонски математичари на Јуниорската балканска математичка олимпијада
Скопје, 3 јули 2022 (МИА) - Македонски тим математичари освои четири медали на Јуниорската балканска математичка олимпијада (ЈБМО) 2022 која се одржа во Сараево од 28 јуни до 3 јули. Како што соопшти Сојузот на математичари на Македонија, Дамјан Давков освои златен медал, Леонид Тодороски – сребрен медал, а Димитар Фидановски и  Марко Митевски освоија бронзени медали. -На ЈБМО 2022 успешно учествуваа и Марко Серафимовски и Нина Ламева. Дамјан Давков го освои златниот медал со максимален број бодови. Ова е најголем успех во последните десетина години, информира Сојузот на математичари. хс/ цр

Остани поврзан