• петок, 05 декември 2025

Четири лица повредени во напад со нож во канцеларија на компанија во јужна Германија

Четири лица повредени во напад со нож во канцеларија на компанија во јужна Германија

Мелрихштат, 1 јули 2025 (МИА) - Четири лица се повредени, некои сериозно, откако маж со нож ги нападнал утрово во канцеларија во покраината Баварија, соопшти локалната полиција. Нападот се случил во Мелрихштат.

Многу претставници на разни служби за спасување реагирале на местото на настанот и се погрижиле за повредените.

Напаѓачот е приведен, додаде полицијата, која не откри мотив за нападот.

Сепак, германскиот весник Билд објавува дека една од жртвите починала и дека инцидентот се случил во просториите на компанијата за снабдување со електрична енергија „Уберландверк Рен“.

Портпаролот на компанијата одби да коментира за оваа информација и упати прашања до полицијата. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан