• четврток, 26 март 2026

Четири лица загинаа, 14 повредени во пожар во станбена зграда во источна Франција

Четири лица загинаа, 14 повредени во пожар во станбена зграда во источна Франција

Париз, 6 јуни 2025 (МИА) - Четири лица, меѓу кои и едно дете, загинаа ноќеска во пожар што избувнал во станбена зграда во градот Ремс, во источна Франција, јавија локалните власти. Едно дете сè уште се води како исчезнато.

Пожарот започнал околу 00:30 часот по локално време на четвртиот кат од зградата, а потоа брзо се проширил по фасадата на горните катови. Станбената зграда има 11 ката.

Повредени се вкупно 14 лица, од кои две се во тешка здравствена состојба. Меѓу повредените има и деца.

Властите започнаа истрага за причините за пожарот.

Околу 40 станари биле евакуирани уште на почетокот на огнената стихија.

Сведок, жител на соседна зграда, изјавил дека прво слушнал експлозија, по што видел како пламени јазици го обвиваат целиот блок, при што се слушале и крици од внатре. ссм/

фото: Википедија/илустрација

Остани поврзан