Четири интервенции на кумановските пожарникари во Куманово и Липково
- Кумановските пожарникари интервенирале на четири пожари во општините Куманово и Липково, информираа денеска од Регионалниот Центар за управување со кризи.

Куманово, 4 август 2022 (МИА) - Кумановските пожарникари интервенирале на четири пожари во општините Куманово и Липково, информираа денеска од Регионалниот Центар за управување со кризи.
Сува трева и стрниште гореле во липковското село Ваксинце, пожарникарите интервенирале два часа од 19:30 до 21:20 часот. Претходно гаселе пожар, исто така во липковско на потегот од село Отља кон село Матејче.
Во текот на денот, пожарникарите гаселе пожар на улицата „Доне Божинов“ во Куманово и во населбата „Перо Чичо“ во близина на репетитори на сува трева во претпладневните часови. На сите пожари дејствувала по една екипа со по едно противпожарно возило.ам/свс/