• понеделник, 23 декември 2024

Четири главни теми во фокусот на 5. Годишна конференција за е-трговија

Четири главни теми во фокусот на 5. Годишна конференција за е-трговија
Скопје, 11 ноември 2022 (МИА) - Под мотото „E-commerce: Accelerate!“ денеска во Скопје се одржува петтото јубилејно издание на најголемиот настан за е-трговија во Северна Македонија - Конференцијата за е-трговија. Конференцијата добива регионален карактер и се очекува да учествуваат повеќе од 400 гости – успешни претприемачи, е-трговци, маркетинг специјалисти, менаџери и директори на компании и владини претставници од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора, Бугарија и Хрватска. Во фокусот на конференцијата годинава се четири теми кои се внимателно избрани за да одговорат на потребите на индустријата. Конференцијата ќе биде одлично место за да се научи и дознае повеќе за: можностите кои ги нуди е-трговијата во регионот, промените на навиките кај купувачите предизвикани од е-трговијата, поврзаноста помеѓу податоците, маркетингот и технологијата, како и за вистинските приказни од успешни е-трговци од регионот. Овие четири главни теми ќе бидат претставени во 6 презентации, 1 неформален разговор, 4 панел сесии и 2 студии на случај. Сето ова ќе биде презентирано од еминентни светски експерти кои специјално за конференцијата доаѓаат во Скопје од глобално познатите брендови меѓу кои Тик-ток, Гугл, Пејонир, Мастеркард и многу други. Од домашните говорници, своето искуство на конференцијата ќе го пренесат Ангелина Блажеска, ко-сопственик на мобилната апликација за фитнес - FitKit, Бобан Милосавлески, основач и ко-сопственик на првата автоматизирана платформа за е-трговија во Северна Македонија - Vendor, Дарко Перушески - сопственик на првата македонска национална стриминг платформа – Gley и многу други. Традиционално, конференцијата ќе заврши со гејмификација, квиз натпревар со вредни награди за победниците. По завршувањето на официјалниот дел, вечерта следува голема роденденска забава за сите присутни учесници на конфренцијата, а утрото на 12ти ноември - искачување на Водно заедно со говорниците и спонзорите на конференцијата. см/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан