• петок, 20 декември 2024

Четириесет и седум полицајци повредени во судирите на протестите против францускиот предлог

Четириесет и седум полицајци повредени во судирите на протестите против францускиот предлог
Скопје, 5 јули 2022 (МИА) - Четириесет  и седум полицајци се повредени вечерва во судирите со дел од учесниците на протестите против францускиот предлог, потврдија за МИА од МВР. Дел од демонстрантите почнаа да фрлаат петарди, димни бомби и други предмети кон специјалците и ја урнаа оградата пред законодавниот дом, по што интервенираше полицијата. Од повредените припадници на полициските сили 11 се потешко повредени, а двајца од нив имаат сериозни повреди, додаваат од МВР. ац/

Остани поврзан